Ганиу: Чаир прва општина со Центар за пензионери

Сподели

 

Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, се сретна со пензионерите, на кои им ги предаде клучевите од Центарот за пензионери, наменет како место за средба на жителите на општината во напредна возраст.

Ганиу за време на состанокот рече дека оваа категорија граѓани е многу важна, и на истите посветуваме посебно внимание.

 

 

„Тие го дадоа својот придонес и посветеност, и ние денес ги уживаме придобивките, така што нивниот придонес е незаборавен и ќе се цени засекогаш. Денес, заедно со претседателот на Здружението на пензионери на Чаир, г. Ќоку и претставници на пензионери го посетивме првиот Пензионерски центар во нашата земја“, изјави кандидатот на ДУИ за втор мандат на чело на  Општина Чаир, Висар Ганиу за време на посетата на овој центар за кој ќе се грижи Општина Чаир.

“Општината обезбеди посебен простор каде пензионерите ќе го организираат времето преку социјални активности“, објасни Ганиу.

Центарот за пензионери е исто така, исполнето ветување на Ганиу и е инвестицијата од 3.600.000 денари.

Дополнително, Општина Чаир обезбедила и лиценциран персонал за медицински и социјални услуги за оваа категорија граѓани.