Влијателниот дневен весник „Гардијан“ пишува дека во 2017 година на Европа може да и се случи „политичка апокалипса“, потенцирајќи дека под тоа ја земa предвид можноста дека во ЕУ може да дојде до пропаѓање на владејачката елита, како последица на нови терористички напади и нов миграциски бран.
Весниот оценува дека тие причини Европската унија ќе ја доведат до криза, која Брисел тешко ќе ја надмине.
Почетокот на „апокалиптично сценарио“ „Гардијан“ го опишува вака: специјалните служби на земјите на ЕУ кон почетокот на 2017 година повторно ќе „преспијат“ голем терористички напад во некој од главните градови во ЕУ, а со тоа дополнително ќе се зголеми чувството на беспомошност, и прво ќе го искористи холандскиот десничар Герт Вилдерс, чија партија со голема веројатност ќе ја добие победата на парламентарните избори во март.
Доколку три милиони бегалци навистина тргнат кон ЕУ – во Франција, Италија и Германија на власт можат да дојдат евроскептици, а Марин ле Пен веќе објави дека ако стане претседател на државата, ќе распише референдум за излез на Франција од ЕУ.
Холандија најверојатно ќе тргне по истиот пат, а во Италија движењето Пет ѕвезди ќе започне со референдум за враќање на лирата.
Ќе биде добро ако ова не се случи, но тешко дека Европа ќе избегне потреси. Над неа „дуваат ветрови“ на промена и ќе биде чудо ако не гледаме како „паѓаат“ нови жртви од редовите на политичката елита на ЕУ, заклучува „Гардијан“.