Неколку стотини граѓани организирани од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) денеска, во 11 часот, пред комплексот судови во Скопје се собраа за, како што велат, да побараат градоначалникот на Битола, Владимир Талески, да биде ослободен од куќен притвор.
Граѓаните го блокираа булеварот пред комплексот судови.
Меѓу присутните се и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, Коце Трајановски, Петре Латиновски, Стевчо Јакимовска и Марјан Ристески.