Герасимовски: Сопствениците ја рушат доградбата на улица “Македонија”

Сподели

 

Сопственикот на бутикот „Шејн“ денес започна со отстранување на доградбата на улица „Македонија“.

„По реакциите во јавноста, градежен инспектор од Секторот за инспекциски работи на Општина Центар изврши надзор на бутикот и му издаде решение за отстранување на доградбата, бидејќи за истата не поседува важечко одобррение за истата“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.

По издаденото решение, сопственикот на бутикот од општината побара дополнителен рок за да ги организира градежните активности, кој и го доби и денес, самиот ги отстранува нелегалните елементи.

Општина Центар повторно апелира до сите инвеститори и сопственици на нелегални објекти и доградби, да постапуваат по издадените решенија за самостојно отстранување на објектите. Во спротивно, општината присилно ќе ги отстрани, со што трошоците за отстранувањето ќе паднат на товар на инвеститорите, односно сопствениците на нелегално поставените објекти.