Герила-акција на „Шарена револуција“: Уште седум дена до исполнување на нашите барања

Сподели

sarena-revolucija-2

„Шарената револуција“ вечерва организираше герила-акција во Градски парк на „Скопје стрит фестивал“. Држејќи големи седумки, тие на власта ѝ порачаа дека има уште седум дена да ги исполни нивните две клучни барања, да запре прогонот на демонстрантите и Уставниот суд да се изјасни за уставноста на законот за Специјално јавно обвинителство.

„Последниве денови слушнавме еден куп ветувања од страна на Груевски, кој одново бил реформски расположен. Од неговите ветувања овие 10 години единствено видовме задолжена држава, егзодус на граѓани и институции заробени од партијата. Граѓаните знаат дека Груевски не може да спроведува реформи! Им порачуваме на власта и на надлежните институции дека остануваат уште 7 дена до 18 јуни, рокот за целосно стопирање на прогонот врз демонстрантите и за потврда на уставноста на СЈО“ велат од „Шарената револуција“.

Герила-акција на „Шарена револуција“: Уште седум дена до исполнување на нашите барања