Германија ги продолжува строгите мерки до 7 март

Сподели

 

Претставниците на германската федерална и провинциска влада одлучија да ги продолжат тековните строги мерки на затворање во борбата против вирусот корона до 7 март, со некои отстапки, како што е отворањето на фризерски салони на почетокот на март.

„Ситуацијата со инциденцата е подобрена од последниот состанок. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните за однесувањето да придонесат за подобрување на состојбата. Сепак, ние сакаме дополнително да ја намалиме инциденцата и затоа да продолжиме со сегашните мерки “, рече германската канцеларка Ангела Меркел по видео-конференцијата со премиерите на сојузните држави.

Моментално најважно е спречувањето на ширењето на мутациите на коронавирусот кои се појавија во Германија.

„Мерките се поврзани со мутацијата на вирусот чие што ширење мораме да го спречиме по секоја цена. Многу е важно до средината на март да го следиме развојот на ширењето на мутациските вируси за да не дојде до трет бран“, изјави германската канцеларка.

И натаму на сила остануваат мерките за ограничување на контактите. Така, и натаму е дозволена средба на членови на едно домаќинство само со еден член од некое друго домаќинство.