Германија со видео кампања: „Биди херој и остани дома“

Сподели

 

Германската влада спроведе рекламна кампања повикувајќи ги младите да бидат „херои“ за време на ковид-19 пандемијата, така што ќе останат дома на своите софи. Во едно и пол минутно видео, прикажан е старец кој се присетува на зимата 2020 година, кога сите очи во државата биле вперени кон младите.

„Имав 22 години и студирав инженерство кога започна вториот бран на ковид-19. На 22 години сакаш да се забавуваш, да учиш, да запознаваш луѓе, да излегуваш со пријателите на пијалок, но судбината имаше различни планови за нас. Невидлив пријател ни се закани во сè она што верувавме. Одеднаш судбината на државата беше во наши раце. Собравме храброст и го направивме она што се очекуваше од нас. Единствено што направивме е – ништо. Токму така, ништо. Бевме мрзеливи како ракуни. По цели денови и ноќи останувавме дома и така го спречивме ширењето на вирусот. Софата беше нашиот фронт, а нашата трпеливост – наше оружје. Знаете понекогаш, си се смеам самиот кога ќе се сетам на тоа време. Тоа беше нашата судбина. Така станавме херои во времето на светската пандемија со ковид-19“ раскажува старецот во видеото.

„Биди херој и остани дома“ е слоганот на рекламата.

 

https://youtu.be/iZgmIx3FmKc

мета.мк