Германската амбасадорка Анке Холштајн во посета на ЛАЈКА

Сподели

 

Амбасадорката на СР Германија Анке Холштајн, денес беше во официјална посета на прифатилиштето на ЈП Лајка и оствари средба со директорката Тина Петрушевска.

 

 

На средбата амбасадорката Холштајн се запозна со програмата и остварените резултати на претпријатието. Амбасадорката изрази благодарност до ЈП ЛАЈКА за посветеноста и големите заложби во насока на разрешување на проблемот со бездомните кучиња, за грижата за нивната благосостојба и хуманиот третман и ги поздрави сите досегашните успешни проекти. Беше дискутирано за можност од идна  соработка во насока на намалување на  популацијата на бездомните кучиња, за нивно вдомување во и надвор од земјата и градење на култура за одговорно сопствеништво.

 

 

Особено ми е чест што денес бевме домаќини на нејзината екселенција, амбасадорката Анке Холштајн. Поддршката од меѓународниот фактор е особено значајна во остварување на нашите цели и реализација на нашата програма – изјави Петрушевска.

 

 

Покрај состанокот со раководство на ЈП Лајка, амбасадорката Холштајн уживаше во друштво на кучињата во Паркот за миленици.

Ова е прва официјална средба помеѓу амбасадорката Анке Холштајн и директорката Тина Петрушевска.