Германската полиција уапси петмина осомничени врбувачи на терористи

Сподели

germanska-policija

Германската полиција уапси пет лица поради сомнеж дека се исламски милитанти и дека врбувале борци за терористчката организација Исламска држава, информира „Ројтерс“, повикувајќи се на информации од германското обвинителство. Според сознанијата од германските власти, апсењето се случило во полициска акција спроведена во областите Долна Саксонија и Северна Рајна – Вестфалија. Уапсените држеле религиски предавања на кои слушателите или потенцијалните регрути имале материјали со радикални исламски содржини.

Како што информира германското обвинителство, главниот осомничен е 32 годишниот Ирачанец Ахмед Абдулазиз Абдула, кој инаку е познат поддржувач на Исламска држава, а исто така е обвинет за внатрешно следење на процесот на регрутација на борци за ИД, но и за одлучување за подготвеноста на кандидатите за идни борци.

Петтемина уапсени имаат ирачко, турско, германско и камерунско потекло. Еден од нив имал двојно државјанство – српско и германско. Сите се осомничени за ширење на џихадистичката мрежа и за регрутирање муслимани кои подоцна би се бореле во Сирија рамо до рамо со терористите на Исламска држава. Германското обвинителство тврди дека учесниците во регрутирачката мрежа успеале нелегално да пренесат млад човек и неговото семејство во Сирија, во зона контролирана од терористите на ИД.

Околу 820 лица од Германија заминале во воените зони во Сирија и во Ирак, а официјалните германски власти стравуваат дека тие би биле закана за јавната безбедност доколку се вратат во Германија.

meta.mk