Германскиот државен министер за Европа Михаил Рот преку видео обраќање упати поддршка до Никола Димитров, носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1.
” Никола Димитров не е само успешен, тој е и мошне искусен министер за надворешни работи. Тој не е само посветен Европеец, туку е и близок и доверлив пријател. И се гордеам со тоа. Тој ги брани европските вредности во тешки времиња. Тој се повикува на надежта кај луѓето, а не на нивните стравови. Тој е одличен соговорник со прекрасна смисла за хумор. И секогаш можам да сметам на него. Затоа целосно ја поддржувам неговата кандидатура за Собранието на Северна Македонија” – изјави Михаел Рот, а министерот Димитров го објави на својот фб профил.
“Една од основните мисии на надворешната политика е да создава пријателства. Колку повеќе пријатели имаме, толку сме поуспешни и посилни, толку побрзо одиме кон целта. Михаил Рот, државен министер за Европа на актуелниот претседавач со Европската унија Германија, ми е колега. Уште поважно – Михаил ми е пријател! Благодарам драг пријателе на силната поддршка!”
https://www.facebook.com/dimitrovnikola/videos/10163877881900451/