Германскиот претседател Гаук загрижен доколку на изборите во САД победи Трамп

Сподели

timthumb

Германскиот претседател Јоаким Гаук изрази загриженост поради можноста на изборите во САД да победи републиканскиот кандидат за Белата куќа, Доналд Трамп, кого го нарече „непредвидлив“.

Тој во интервју за германското списание „Шпигел“ укажа на опасноста од автократија во САД.

– Не сме во можност да кажеме што би можеле да очекуваме од Доналд Трамп како претседател и тоа за мене претставува проблем, како и за голем број други личности, како во САД, така и тука, изјави Гаук.

– Неговата непредвидливост е причина за загриженост, додаде тој.