,,Ги загубив сите пријатели,, – Потресно сведочење на Златан Ибрахимовиќ!

Сподели

Познатиот Швеѓанец Златан Ибрахимовиќ во својата нова автобиографија „Адреналин“ откри помалку познати детали од неговиот живот.

Искусниот напаѓач често зборуваше за своето минато, кое воопшто не беше лесно.

Меѓу другото, има интересен дел кој се однесува на неговото разбирање за пријателството и зошто престанал да се дружи со другарите од детството.

Ибра објасни дека неговите другари стануваат сè позавидни како што стануваше познат, па решил дека не му требаат.

,,Ги избришав сите мои другари од детството од животот, бидејќи колку повеќе имав успех, толку беше поголема нивната завист. Не можев да го разберам тоа. Колку станував попознат, толку почесто ги слушав како зборуваат лоши работи за мене. Овие поранешни пријатели ми носат само негативна енергија, веќе не ми требаат. Очекуваат само финансиски да им помогнам. Имам доверба во некои луѓе, но навистина немам најдобар пријател. Бидејќи оттогаш бев многу разочаран и ги загубив пријателите, побарав солидарност со семејството и водев многу повлечен, мирен живот – се наведува во еден дел од книгата.

Златан објасни дека неговиот вистински, најдобар пријател од сите пријатели се вика Ред.

фото: twitter/zlatan ibrahimovic

,,Тој е куче, англиски булдог. Кога ми треба внимание, можам да сметам на него. Беше љубов на прв поглед. Го видов и тој беше токму она што го сонував за моето куче: силно, моќно, крупнa главa – изјави Ибрахимовиќ.

Шведскиот напаѓач оваа сезона имаше многу проблеми со повреди и одигра само 22 натпревари во сите натпреварувања на кои постигна осум гола.

The post ,,Ги загубив сите пријатели,, – Потресно сведочење на Златан Ибрахимовиќ! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico