Халкбанк АД Скопје од страна на престижното списание Глобал брендс (Global Brands Magazine), е прогласена за „Најдобар финансиски бренд, Северна Македонија за 2021“ (Best Financial Brand, Nort Maceronia 2021). Како што стои во образложението на наградата, во многу конкрентна група учесници кои имаат демонстрирано единствена и исклучителна испорака на услуги кон развој на банкарскиот / финансискиот сектор, Халкбанк е препознаена како најдобар финансиски бренд поради исклучителната посветеност кон иновации, квалитет, активности за брендирање, услуги на клиенти и перформанси.
Списанието „Глобал брендс“ е водечко меѓународно списание за брендови, со седиште во Велика Британија. Списанието, кое претставува извор на информации за врвни луксузни брендови, им овозможува на читателите ажурирани вести, прегледи, мислења и анкети за водечки брендови од целиот свет, истовремено идентификувајќи ги врвните брендови во различни индустрии.
Наградата „Глобал брендс“ е основана со цел да се укаже и да се подигне свесноста за извонредноста во перформансите и испораката на услуги на одделни компании од различни сектори. Наградата им оддава признание на компаниите кои имаат извонредно добри перформанси во различни области.
За Халкбанк, прогласувањето за најдобар бренд претставува потврда за лидерството во воведување нови технологии и услуги, како и за квалитетната и посветена работа и настојување да се обезбеди висок квалитет на услугите, што е препознаено и од клиентите. Токму ова и овозможи Банката, која годинава одбележува 10 години успешна работа на македонскиот финансиски пазар, да израсне во силен банкарски бренд и да стане најбрзорастечка банка и една од четирите најголеми банки во земјава.