Го чека голема казна и суспензија бидејќи ја призна вината – Фудбалерот на Брентфорд доби рекорден број обвиненија!

Сподели

Loading

Фудбалерот на Брентфорд, Иван Туни призна дека ги прекршил правилата на Фудбалската асоцијација на Англија во врска со обложувањето, објавија локалните медиуми.

фото: Visionhaus/Getty Images

Според Дејли Мејл, 26-годишниот фудбалер се изјаснил за виновен за голем број обвиненија од вкупно 262, но некои отфрлил.

Напаѓачот на Брентфорд првично беше обвинет за 232 наводни прекршувања на обложувањето во ноември минатата година, со обвиненијата за периодот помеѓу февруари 2017 и јануари 2021 година.

Тогаш Тони беше обвинет за дополнителни 30 прекршоци во декември. Во тој период, играше за Сканторп, Виган, Питерборо и Брентфорд.

Според правилата на ФА, обложувањето на фудбалски натпревари е забрането за сите играчи, менаџери, тренери, членови на клубот, директори и овластени агенти во Премиер лигата, ЕФЛ, Националната лига, регионалните лиги, женската Супер лига и женското првенство.

Ним им е забрането директно или индиректно да се обложуваат на кој било фудбалски натпревар или натпреварување ширум светот.

Забраната вклучува и обложување на други работи поврзани со фудбалот, како што се трансфери на играчи, назначувања за тренер или состав на тимот.

Исто така, не е дозволено да се испраќаат внатрешни информации на некој што ги користи за обложување.

The post Го чека голема казна и суспензија бидејќи ја призна вината – Фудбалерот на Брентфорд доби рекорден број обвиненија! first appeared on .

Powered by WPeMatico