За еден ден во Медитеранот се спасени 6.500 бегалци, во голема операција организирана по должина на либиското крајбрежје на Средоземно Море.
Мигранти, најголемиот дел од Еритреја и од Сомалија, се упатувале кон спасувачките бродови, а дел од нив скокале во водата и пливале до бродовите.
Крајбрежната стража соопшти дека во текот на денот извршила околу 40 посебни спасувачки мисии.