ИД ОСТАВИЛА ЗАД СЕБЕ 72 МАСОВНИ ГРОБНИЦИ

Сподели

isis-zakani-1

Исламска држава оставила зад себе 72 масовни гробници со илјадници мртви, но веројатно ќе бидат пронајдени уште многу откако џихадистите ќе се повлечат, јавува агенцијата „Асошиејтед прес“.

Бројот на мртвите во тие гробници се движат од 5.200 до повеќе од 15.000 лица.

Во Сирија се наоѓаат повеќе од 17 масовни гробници, меѓу кои и една во која се закопани тела на стотина припадници на едно племе.

Истражувањето на американската новинска агенција покажало дека такви локации се наоѓаат и во затворот „Бадуш“ кај Мосул, каде се убиени повеќе од 600 затвореници, а тоа го докажуваат и ексклузивните сателитски фотографии.

Од 72 масовни гробници, колку што документирала американската агенција, најмалата содржела три тела, додека најголемата се верува дека има повеќе од 1.000 тела.

meta.mk