Голема поддршка за “Летот на мојата гулабица” од Светлана Јаневска

Сподели

Се одржа промоцијата на книгата “Летот на мојата гулабица” од Светлана Јаневска-Богданска во Домот на култура Ѓорче Петров, Скопје.

Книгата е вистинска приказна за една безвремена љубов. Љубов кон мајката како еден од семејните столбови и прерано загубената битка со ракот. Содржи 225 страни и е двојазична на македонски и на англиски јазик.

Рецензентите на оваа книга се писателот Горјан Петревски, писателката Марија Костадиновска и естрадниот уметник, новинар и тв водител Јулија Мациевска.

Посебно интересен е фактот што за првпат на иста сцена настапија повеќе водители од телевизиските куќи во Скопје, Македонија кои и дадоа поддршка на авторката (и поранешна колешка) во овој хуманитарен проект, бидејќи пред се’ има цел подигање на свеста во борба против канцер на грло на матка. Фрагменти од книгата читаа:

-Ирена Пепељуговска-Цветановски од Тв Алфа,

-Ивана Мангароска од Тв Телма,

-Симона Илиеска од Мтв1,

-Викторија Петровска од Тв Сонце,

-Валентин Петрески од Тв Сител,

-Александра Бела Вуксановиќ од Тв Слободен печат и

-Билјана Дебарлиева од Тв 24.

Промоцијата доби и медиумска поддршка од водителките Ера Ѓакова од Ал Сат-М, Александра Пановска-Илиевска од Тв Канал 5, Рашела Гинова Карафилоска од Радио 2, Соња Ајановска-Деловска од порталот денесмагазин.мк и Ѓорѓе Васиќ од кукурику.мк

Почесни гости кои говореа во име на своите здруженија за борба против канцер беа

Виолета Томовска (естраден уметник и претседател на “Животна Искра”) и

Милица Кузмановска (естраден уметник и претседател на “Фемина М”).

Со свој настап промоцијата ја збогатија и музичката група “Бендот на браќа Нуне” заедно со Мими Јовановска со нивната песна “Мајка”.

Промоцијата беше во организација на Продукција Златен Заб кои покажаа голема хуманост за успешна реализација на истата, а книгата може да се купи на нивната платформа auroom.store На далечина од 15263km и со 9 часовна временска разлика на оваа промоција имаше директно вклучување на авторката Светлана Јаневска до Мелбурн, Автсралија

Благодарност до пријателите и поддржувачите на авторката и нејзиното дело Vincinni, MiniPani, Тиквеш, Дати Еуро Маркет-Сарај, цвеќара Сончевина-Bloom, професорот Зоран Бошковски – лектура,

Стефан Ристoвски – техничка обработка, Јане Јаневски- илустратор, Виктор Богдански-фотографии, Катерина Атанасовска и Александра Маневска-превод на англиски, издавачка куќа Нордиа

Порака од авторката Светлана Јаневска: 

Негувајте ги вашите спомени и негувајте ја вашата сегашност. Споделете ги вашите среќни спомени и споделете ја вашата тага со оние кои ве сакаат. Споделете ја вашата приказна, можеби токму со научените лекции од животот ќе заздрават побрзо и другите околу вас, со разбирање на нивната болка. Да направиме разлика денес, да зборуваме отворено со цел навреме да се заштитиме, советуваме и помогнеме за да продолжиме нечиво животно патување“.

Кратка биогравија за авторката
Светлана Јаневска е родена во Скопје. Од дете е љубител на пишаниот збор. Чита многу, раскажува уште повеќе и најверојатно и поради тоа станува успешен новинар. Во средношколските денови се вљубува најпрво во радиото, каде работи неколку години во радио „МЈ“, а подоцна додека студира на Педагошкиот Факултет во Скопје љубовта ја насочува кон телевизијата како медиум. Започнува во утринската програма на националниот сервис МРТВ, снимајќи прилози и правејќи интервјуа за „Утринско огледало“. Вниманието и посветеноста кон македонските корени и традиција, и овозможуваат да биде забележана и во Редакцијата за Народна музика во истата ТВ куќа, водејќи емисии, фестивали, промоции. Работи и како водител и новинар на ТВ Телма во емисиите „Седмиот ден“ како и уредник на „Лето на Телма“. Еден период беше дел и од весникот „Тендерник“. Соработката со медиумите ја продолжува и во Австралија со „IN TV“, а во истата земја се здоби и со сертификат за едукција. Седумнаесет години живее и работи во Мелбурн каде има своја фирма „Svetlana’s Events & Cakes“  со која зема учество на разни фестивали и хуманитарни настани, особено донирајќи за борба против ракот на дојка. Љубовта кон македонската култура и литература, традиција, музика и кулинарство од сѐ срце им ја пренесува на своите два прекрасни сина. Ова е нејзина прва книга напишана и посветена на нејзината мајка, која ја изгуби битката со ракот на грлото на матката.