Гордана Темелковска – Костовска од Скопје, пред неколку дена на Институтот за трансфузиона медицина донираше конвалесцентна плазма од полна крв, наменета за третман на лицата заболени од КОВИД-19.
Со овој алтруистички и благороден чин, Гордана се вброи меѓу вкупно 73 лица кои досега дарувале конвалесцентна плазма.
Донор може да биде секое лице излекувано од КОВИД-19. Повикот за дополнително и континуирано дарување крвна плазма е активен, а Институтот за трансфузиона медицина е достапен во секое време за сите донори.
Излекуваните пациенти може да се пријават преку електронскиот формулар на веб-страницата на Институтот, со директно јавување, или преку социјалните мрежи.
Конвалесцентната плазма содржи антитела против овој вирус создадени од човечкиот организам за сузбивање на болеста. Тие создадени антитела се присутни во плазмата и истите со дарување на конвалесцентна плазма може да се користат во сузбивање на болеста во друго лице со ковид-19.
Да им помогнеме на нашите сограѓани кои во моментов се борат со коронавирусот.
Формулар за донор на конвалесцентна плазма:
http://itm.org.mk/%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d0%be%d…/