Ѓорѓе Иванов: Пречките за определување мандат сè уште не се отстранети

Сподели

Пречките за определување мандат сè уште не се отстранети, изјавиле од кабинетот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов, за државната новинска агенција МИА.

– Претседателот Иванов останува на ставот изнесен во обраќањето до граѓаните на Република Македонија на 1 март 2017 година. Пречките за определување мандат за состав на влада сè уште не се отстранети – велат од кабинетот на Иванов.

Иванов во своето обраќање на 1 март рече дека нема да даде мандат за формирање влада „ниту на човек ниту на партија што се залага или во својата програма има платформа (платформа на албанските партии, н.з.) за уривање на суверенитетот, територијалниот интегритет и самостојност на Република Македонија“.

Во меѓувреме, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и претставници на меѓународната заедница, на Евроската Унија, САД, земји членки на ЕУ и на меѓународни организации го повикаа Иванов да покаже мудрост и да ја промени одлуката.