Ѓошевска: Од 11-ти декември, подобрена улога на жената во општеството

Сподели

Форумот на жени на ЛДП

ldp3-540x270

Форумот на жени на ЛДП во новата влада после 11-ти декември  ќе ги има следните приоритети:

– Активна улога на жената во борбата против семејното насилство, и усвојување на Конвенцијата за борба на жената против семејното насилство.

– Намалување на родовата нееднаквост на сите полиња, вклучувајќи ја  и потполната еднаквост во парламентот и владата на Република Македонија.

– Поголема заштита и поголеми права на самохраните мајки и залагање за нивно активно учество во решавањето на нивните огромни проблеми.

– На жените ќе им овозможиме да  добијат знаење за претприемачки идеи  за самостојно отворање на мали  претпријатија.

– Внимание ќе посветиме и на подобрување на  работничките права на жените,  кои работат во текстилната и во индустриите каде платата е минимална. Поголемата безбедност при работа и подобрување на условите ќе бидат приоритет на ЛДП во периодот по 11-ти декември.

– Форумот на жени на ЛДП не смее и нема  да дозволи нашите деца да го дишат овој воздух и да живеат во ваква животна средина. Ќе предложиме и ќе реализираме огромен број на мерки за подобрување на квалитетот на воздухот и подобрување на животната средина.

Нашата идеја и цел е да го  подобриме местото и улогата на жената во сите сфери на општествениот живот, жената да стане активен  учесник во политиката,  бидејќи ЛДП имаме реален  потенцијал тоа да го оствари.