Велешкиот театар со претставата „Нема струја за електричниот стол“ вечерва гостува во Белградскиот драмски театар (Београдско драмско позориште). Гостувањето е дел од меѓународниот протокол за соработка „Наши денови“, чии потписници се Белградскиот драмски театар (Београдско драмско позориште), Српскиот народен театар (Српско народно позориште) од Нови Сад, „Ујвидеки Шиназ“ од Нови Сад и Народниот театар од Велес.
Претставата е работена по текст на современиот бугарски писател Александар Секулов, а режисер е Дејан Пројковски. Во дуодрамата играат Васил Зафирчев и Исидор Јованоски. Музиката за претставата и нејзината изведба во живо се на Сашко Костов. Претставата ќе се одигра на големата сцена на БДП „Оливера и Раде Марковиќ“.
Ова е прво гостување на Велешкиот театар во оваа реномирана театарска куќа.