Градот Скопје денеска во паркот на МКЦ ќе организира затворена трибина во врска со идните планови за Универзалната сала.
На трибината ќе учествуваат претставници на државни и културни институции, здруженија на граѓани од областа на културата, спортот, архитектурата и други, како и организатори на фестивали и културни манифестации што се организирале во Универзалната сала.