Град Скопје избра нов концесионер за депонијата „ДРИСЛА“

Сподели

 

Советот на Град Скопје на денешното продолжение на 30-та седница донесе одлука со која за нов концесионер на депонијата „Дрисла“ е избран Конзорциумот предводен од „SCHOLZ AG“ од Република Германија, составен од SCHOLZ AG – Германија, C.I.O.S.d.o.o – Хрватска и СПЛЕНДОР МАК ДООЕЛ од Република Северна Македонија.

Оваа одлука следува по судска пресуда на Вишиот управен суд.

Со ваквата одлука се овозможува да се стави крај на агонијата на граѓаните на Скопје со депонијата „Дрисла“ и се создава можност за започнување процес на инвестиции и модернизација на депонијата „Дрисла“, која во иднина ќе прерасне во модерна депонија во која ќе се одложува и третира отпадот по највисоки светски стандарди.