Градот Скопје денеска информира дека ја откажува новогодишната прослава што требаше да се одржи на плоштадот Македонија. Средствата коишто беа планирани за организирање на пречекот и се во износ од околу 2 милиона денари ќе ги донира во социјални цели.
Одлуката каде ќе бидат донирани средствата, како што соопштуваат од Град Скопје, ќе ја донесе Советот.
– Градот Скопје веќе 10 години наназад троши минимални средства за организирање на дочекот на Новата година затоа што забавата за граѓаните ја финасираа мибилните оператори во земјава, а годинава спонзор на забавата требаше да биде Македонски Телеком, се вели во денешното соопштение од Градот Скопје.