Градот Скопје наскоро ќе објави Јавен повик за субвенционирање на домаќинства и на други субјекти на подрачјето на Град Скопје за чистење оџаци за 2020 година.
Со овој повик, Градот Скопје ќе надомести дел од трошоците на домаќинства и на други субјекти за чистење на оџаците, во нето износ најмногу до 1.200 денари, а на јавниот повик можат да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје. Изминатите години субвенцијата беше во износ најмногу до 1.000 денари.
Субвенциите ќе важат и за исчистени оџаци од 01.01.2020 година, а јавниот повик кој ќе се реализира по принципот„прв дојден прв услужен“ ќе биде отворен до 30.11.2020 година или до реализирање на средствата во износ од 2 милиони денари предвидени за оваа намена со Буџетот на Град Скопје за 2020 година. На јавниот повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните и други субјекти за чистење на оџаците може да учествуваат физички и правни лица чие живеалиште, односно седиште е на подрачјето на Град Скопје.
Чистењето на оџаците придонесува за намалување на аерозагадувањето во текот на грејната сезона – се наведува во соопштението на Град Скопче..