Во рамки на многубројните активности за промоција и поддршка на користењето на велосипедот како алтернативно превозно средство, Градот Скопје дава поддршка и се приклучува на иницијативата на неформалното здружение НаТочак и Ве повикува да се вклучите во одбележувањето на интернационалниот ден „Во зима со велосипед на работа“ (Winter Bike to Work Day).
Станува збор за глобална иницијатива чија цел е подигнување на свеста за важноста и придобивките од користењето на велосипедот како превозно средство до работа и до училиште во текот на целата календарска година.
„Во зима со велосипед на работа“ e интернационален ден на којшто луѓето го одбележуваат движењето со велосипед на работа и на училиште во зима, притоа кревајќи ја свеста за ова превозно средство во ладните месеци, водејќи се од наративот: Не постои лошо време, постои само лоша опрема.
Како може вие да се вклучите?
1.Пратете електронска адреса и повикајте ги вашите вработени на 09.02.2018 година, да дојдат со велосипед на работа.
2.Впишете се Вие, Вашата институција/училиште и вашите вработени/ученици на мапата на светскиот настан https://winterbiketoworkday.org/ .
3.Додадете Ваш локален настан доколку сакате и ставете се на светската мапа на ден „Во зима со велосипед на работа“ настани https://winterbiketoworkday.org/addevent/.
4.Смислете (по можност) креативни начини за поттикнување на вашите вработени/ученици да се појават на велосипед на 9.02.2018 во што поголем број.
5.Стиснете Вие и Вашите вработени „ќе присуствувам” на фејсбук настанот, и доколку вашето училиште има веб-страница или фејсбук профил, споделете го настанот со преостанатите https://www.facebook.com/events/411957482572496/.
6.Објавете дека се приклучувате на настанот на традиционални и на дигитални медиуми.
7.Дојдете на работа на 09.02.2018-та на работа со велосипед.
8.Постирајте содржини и фотографии на хаштагот #WinterBikeToWorkDay или #WinterBikeToSchoolDay и/или локалниот:#WBTWDSkopje (за работа) или #WBTSDSkopje (за образование) и пофалете се за Вашиот транспортен избор тој ден. Бидете кул компанија/училиште чии вработени/ученици возат точак и на ладно време.