Градоначалникот на Општина Илинден додели смарт таблети на учениците од основните училишта

Сподели

 

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, додели 50 смарт таблети, таму кадешто е најпотребно во трите основни училишта на територија на општина Илинден, по повод новогодишните и божиќните празници. Смарт уредите се наменети за ученици од прво до осмо одделение, како и за ученици од социјално ранливи семејства, со цел успешно следење на наставата по новиот концепт и програма.

Градоначалникот Георгиевски, истакна дека главната цел, е обезбедување на квалитетна настава и креирање на можности за унапредување на воспитно-образовниот процес. Со овие таблети ќе им се помогне на децата од социјално загрозените семејства, ќе се зголеми квалитетот на образовниот процес на учениците, а локалната самоуправа цели кон модерно и современо образование за сите млади.

Градоначалникот Александар Георгиевски на сите деца им посака во новата 2024 година да имаат здравје, среќа и љубов.