Градот Охрид се откажува од новогодишната програма

Сподели

По повод ненадејната смрт на градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски се откажува годинешното издание на проектот
кој стартуваше минатата година „Од 20-ти до 20-ти – СИТЕ ВО ОХРИД“ кој требаше да трае од 20. декември 2018, до 20. јануари 2019 година, соопштуваат од Град Охрид.

Сепак, ќе биде приредена програма на Градскиот плоштад, каде ќе настапат најмладите со своја програма.