Градот Скопје отвори книга на жалост

Сподели

Bela-nok-vo-Skopje

Градот Скопје денеска отвори книга на жалост за загинатите во катастрофалното невреме што го погоди градот.

Книгата ќе биде поставена во просториите на Советот на Град Скопје и сите граѓани што сакаат ќе можат да се запишат до 21 часот денеска.

Од МВР известија дека вкупната бројка на починати лица досега изнесува 22 лица.

Од синоќешното ново невреме кое го зафати скопскиот регион, нема исчезнати и повредени, информираат од Министерството за внатрешни работи.