Графити „Војводина=Каталонија“ се појавија денеска на повеќе места во Војводина, јавуваат локални медиуми.
Графити се регистрирани во Нови Сад, Зрењанин, Бачка Топола, Суботица, Сента, Кикинда и Жабаљ.
На графитите испишани со црн спреј нацртано е и знамето на Каталонија. Слични графити претходно испишуваше организацијата која се нарекува Млада Војводина.
Во Војводина, во последните неколку години се засилени барањата и активностите на неколку политички партии и граѓански движења за независност на покраината од Србија.
Со денешните графити, приврзаниците на идејата за отцепување на Војводина од Србија, сакаат да покажат дека се подготвени и за поголеми чекори за независност, коментираат дел од локалните медиуми