ГРАЃАНСКИ СОБИР: ПОДДРШКА ЗА СЈО

Сподели

sharena

Денеска, 26 септември во 17 часот, ќе се одржи протест за поддршка на работата на Специјално Јавно Обвинителство. Собирот се одржува на иницијатива на организаторите од Шарена револуција, кои неколку дена преку социјалните мрежи повикуваат за масовен одзив во знак на поддршка на специјалната обвинителка Катица Јанева и нејзиниот тим.

Обновувањето на протестите е закажано заради секојдневните оркестрирани  напади врз СЈО од страна на владејачката ВМРО ДПМНЕ и нивните подржувачи во медиумите, каде се врши секојдневен атак врз работата, но и личноста и интегритетот на Јанева.

Организаторите на протестот сметаат дека во овие моменти повторно му е потребна поддршка на СЈО од граѓаните заради непринципиелниот однос  кон  специјалната обвинителка , кој  кулминираше по неодамнешното интервју на Јанева за МТВ, како и по тридневното испрашување во Комисијата за политички систем од страна на пратениците од владејачкото мнозинство.