Претставниците на граѓанските организации – членки на Платформата за борба против корупција, доставиле и официјално писмено барање до претседателот Пендаровски.
Бараме од Претседателот на државата да го искористи уставно загарантираното право на вето, и да не го потпише указот за прогласување на измените на Кривичниот законик кои вчера, на 6 септември 2023 ги усвои Собранието.
Од Платформата нагласуваат дека има две причини зошто шефот на државата, како што велат, има должност да го искористи ветото.
Првата причина е дека со измените на членовите 353 и 353-в, предложеното намалување на казните ќе резултира со:
- Застарување на многу случаи од висок профил како „Титаник“, „Таргет/Тврдина“, ТНТ, „Титаник 2“, „Трезор“, „Талир“, „Шпански скали“ и „Траекторија“, како и други случаи од понизок профил;
- Ќе ја урниса довербата дека борбата против корупцијата е можна, и ќе ги демотивира граѓаните да пријавуваат корупција;
- Ќе ја намали превентивната функција на системот на кривична правда.