Граничниот премин “Евзони” по неколкучасовно работење повторно ги спушти рампите и тоа не само за македонските туку и за сите други странски државјани.
Преку „ Евзони “ ќе можат да влегуват и излегуваат во Грција само нејзините државјани и товарниот сообраќај. Во меѓувреме, Австрија воведе највисоко шесто ниво на предупредување за патување во Македонија како и во останатите земји од Западен Балкан. Станува збор за безбедносно ниво 6, што обично се издава само за земји каде што преовладуваат воени конфликти.