Грациозноста на ноќното небо

Сподели
Човекот отсекогаш бил фасциниран од убавината на небото преполно со ѕвезди, создавајќи митови за потеклото на „светот“ преку разни приказни и божества. Во последните стотина години овие митови и мистерии почнаа да се разрешуваат со напредокот на науката и технологијата, потеклото на Земјата и фасцинантните објекти на небото веќе е разрешена. Но тоа не ја одзема магијата на ноќното небо, само ја збогатува.
Освен нашата галаксија – Млечен Пат и Малиот Магеланов Облак на небото доминираат црвенкасти ‘облаци’. Овој феномен е наречен „воздушен сјај“, а се појавува во најгорните слоеви од атмосферата поради зрачењето на Сонцето преку ден возбудувајќи ги атомите на азот и кислород. Воздушниот сјај може да се манифестира како зелен или црвен сјај во зависност од начинот на содавање дали доминираат кислородни или азотни атоми. Овој механизам е сличен на аурора, но поради нискиот сјај доколку е забележлив за нашите очи делува како сива, безбојна појава.

воздушен сјај

Една слика извадена од тајмлапсот каде се приметува и транслаторен бран во најгорните делови од атмосферата (с) Yuri Beletsky
На ноќниот тајмлапс во преден план се двата Магеланови телескопи на опсерваторијата Лас Кампањас во Чиле. Двата телескопи имаат огледало до 6,5 метри и набљудуваат како во видлива, така и во блиска инфрацрвена светлина.