Магазин Наука и Технологија

Гравитациските бранови забележани по втор пат

Сподели:

Новиот пристап во астрономијата кој за прв пат успешно започна кон крајот на 2015 г. каде вселената се набљудува преку гравитациското влијание на најгустите космички тела. Преку оваа метода за прв пат директно се набљудуваа гравитациските бранови и со голема точност се анализираше Ајнштајновата општа теорија на релативитет.
Сега истиот тим на научници и соработници во ЛИГО за време на прес конференцијата објавија дека е набљудуван уште еден силен извор на гравитациски бранови.

grav

Овој сигнал бил забележан на 25 декември 2015, бил оддалечен 1,4 милијарди светлосни години. Сигналот бил предизвикан од сплотување на две црни дупки, едната со 8 и другата со 14 сончеви маси, набљудувани се последните 30 орбити од пред спојувањето при што е ослободена енергија од една (1) сончева маса и затоа новоформираната црна дупка е со 21 сончеви маси. Гравитациските бранови кои биле забележани на Земјата била потребна голема прецизност еднаква на определувањето на оддалеченоста на Сонцето и Земјата со точност од 1/3 атом.

gravity
Графичка претстава на фреквенцијата сигналот, должината на целиот набљудуван настан, и релативистичките брзини со кои орбитирале овие две тела (с) LIGO

Сигналот кој е набљудуван претворен во звучен сигнал во споредба со претходниот сигнал од 14 септември 2015.

Во иднина се планира изградба на повеќе вакви опсерватории со што ќе се зголеми прецизноста во сигналот, а особено ќе се добие по прецизна претстава за местото на потекло.

Симулација на последните мигови од настанот кој траел само 1 секунда, а на видео клипот претставен забавено 25 пати. Во последната орбита телата се движеле со 80% од брзината на светлината:

Сподели: