ГЛАС ЗА МАКЕДОНИЈА со јавно барање до пратениците да не гласаат за ратификување на договорот со Грција: Не гласајте повторно за ратификацијана капитулантскиот Договор Заев- Ципрас!
Седницата на Собранието на Република Македонија на чиј дневен ред повторно ќе биде точката, Ратификација на Договорот со Грција потпишан од Димитров – Коцијас, е закажана за утре, ден по национален празник на големиот пријател од преку океанот, кој нашата “елита“ во фармерки го прослави спокојно и бодро – како да е нејзин празник!
Глас за Македонија, ќе го наруши празничното расположение на пратениците со пораките:
Имате уште едно (!?) деноноќие и единствена шанса да размислите, за да ја разбудите вашата совест, чувството на одговорност кон Уставот пред кој сте се заколнале да го штитите и пред граѓаните кои масовно се каат и откажуваат од гласот што ви го дале за да носите (и) судбински закони. Не гласајте повторно за ратификацијана капитулантскиот Договор Заев- Ципрас !
Ајде кренете глава, кажете НЕ и заедно со мнозинството на македонскиот народ, да го славиме ослободувањето од ова црно, ѓаволско искушение, кое притиска со лажни ветувања и со понижувачки „правни“ досетки против уставниот поредок на Република Македонија.
Кон решавање на проблемите на државата и посакуваниот развој, да се зафатиме со сопствени сили!