Грчки медиуми јавуваат дека телефонскиот разговор меѓу премиерите на Македонија и на Грција, Заев и Ципрас веќе е направен.
Засега е познато дека разговорот, којшто траел околу еден час, е позитивно оценет, но оти следува уште еден телефонски повик што се очекува да биде направен утре, кога би се заокружил договорот.
Прес конференција за новинарите за утре најави и лидерот на партијата Независни грци, Панос Каменос, кој се противи на решение коешто во себе ќе го содржи името – Македонија.