Груби: Правдата нарачана по телефон заврши

Сподели

 

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска одржа прес-конференција, на која тој потенцираше дека неговата мисија е рамноправноста, рамноправност во правата, но и во одговорноста.

 

 

“Министерот секогаш сум го замислил како човек кој им служи на сите граѓани, без разлика на нивната етничка припадност, полот и религијата, ниту на јазикот, социјалниот статус, политичкото убедување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба.

Како Прв вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците заедно со моите соработници, пред нас имаме света и суштинска задача за да ја спроведеме агендата за која сме должни пред граѓаните, со нашите максимални напори преку ефективно спроведување на најдобрите можни резултати. Називот и надлежностите на Министерството извираат од собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и целта е да го рефлектира нашето општество.

Како Прв заменик на претседателот на Владата, надлежен за координација помеѓу политичките ресори обврска ми е да се грижам за спроведувањето на Охридскиот рамковен договор, но и за добра и ефикасна кохезија на  општеството еднакво за сите. мисија е рамноправноста, рамноправност во правата, но и во одговорноста. Активно ќе придонесам во создавањето и спроведувањето на политиките кои ќе ги развијат вредностите на нашето општество и меѓу етничките односи, толеранцијата, не селективната правда, истите можности и интеркултурната комуникација”, изјави Артан Груби на денешната прес-конференција.
 
• Во соработка со Јетон, министерот за информатичко општество и администрација, во најкус можен рок, ќе обезбедиме распоредување на сите вработени во согласност со Охридскиот рамковен договор во државните институции;
• Ќе ги признаеме факултетските дипломи на сите административци и ќе ги мотивираме да се надградуваат и својата иднина да ја гледаат во земјата;
• Ќе започнеме да ги мониторираме потребните реформи за потполна рамноправност на граѓаните, вклучувајќи ја и не селективната правда преку ветингот. Не може да постои една правда за едниот а различна за другиот, ниту пак една за граѓаните а друга за политичарите. На правдата испорачана по телефон и дојде крајот;
• Ќе ја интензивираме динамиката на спроведувањето на Законот за употреба на јазиците;
• Ќе ја комплетираме Агенцијата за употреба на јазиците и на Инспекторатот за употреба на јазиците;
● Ќе соработувам со моите колеги за зголемување на квалитетот на образованието и културата, како области кои придонесуваат за зближување на граѓаните;
● Исто така ќе соработувам со бизнис-секторот за поддршка на добрите меѓуетнички односи и вредностите на толеранција и почитување, правична и соодветна застапеност и меѓусебна доверба и во нивните работни средини, за да се искористи целокупниот човечки потенцијал со кој располага нашата земја;
● Исто така силно ќе го поддржам спротивставувањето на верската индоктринација, религиозната и етничката нетрпеливост која се продуцира во медиумскиот простор и социјалните мрежи;
● Силно ќе работиме во насока на одржување на постојаното пријателство со Соединетите Американски Држави и Европската Унија.

“Мојата мисија е рамноправноста, рамноправност во правата, но и во одговорноста.

Оценете нѐ по работата и резултатот, не по зборовите, по спроведувањето, а не по ветувањата. Патот на не селективната правда, општествениот ветинг, економскиот развој, рамноправноста и евроатланската ориентација не признаваат компромиси, ниту оправдување или неуспех” – додаде Груби.