Артан Груби во вчерашното гостување во емисијата на ТВ24 предизвика бурни реакции на социјалните мрежи.
Тој упати и критики кон македонскиот репрезентативен ракометар, Стојанче Стоилов и додаде:
„Не знам каде го гледате тој национализам и зошто тие „орли“ ви пречат. Тоа не е Голема Албанија. Ме повредува ракометарот на којшто му пречи албанскиот јазик“, истакна Груби.
Груби се обиде да релативизра дека симболиката на двоглавиот орел е исто како кога фудбалерите се крстат или молат за време на фудбалски натпревар и измеша верски и национални симболи.