Артан Груби денеска учествуваше на Конференцијата „Први чекори кон реорганизација на државата“, организирана од Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со ЕУ.
Последните извештаи на Европската Комисија континуирано се однесуваат на приоритетите за зголемување на професионалноста и унапредување на ефикасноста на државната администрација, што е можно само преку воспоставување јасни линии на одговорност и зголемување на нивото на транспарентност како и намалување на нивниот број, истакна Груби на овој настан, и додаде: “Модернизацијата и деполитизацијата на државната администрација, врз основа на најдобрите практики, резултира со зголемена мотивација и креативност на вработените, продуктивност во јавниот сектор и задоволство на граѓаните. Токму од тие причини, во многу земји-членки на ЕУ редовно се разгледуваат улогите и одговорностите на државните органи со една единствена цел – да се поедностави организацијата на државната администрација”.
“Доброто функционирање на институциите е пред сè предуслов за креирање и успешно спроведување на политики кои го промовираат социјално-економскиот развој во земјата.
Последните извештаи на Европската Комисија континуирано се однесуваат на приоритетите за зголемување на професионалноста и унапредување на ефикасноста на државната администрација, што е можно само преку воспоставување јасни линии на одговорност и зголемување на нивото на транспарентност како и намалување на нивниот број.
Прераспределба на улогите и одговорностите, намалување на бројот на високи раководни позиции, дефинирање на нови улоги и спречување на прекумерна бирократизација се целите на Стратегијата за реформа на јавната администрација (2018-2022), која Владата ја одобри во февруари 2018 година.
Модернизацијата и деполитизацијата на државната администрација, врз основа на најдобрите практики, резултира со зголемена мотивација и креативност на вработените, продуктивност во јавниот сектор и задоволство на граѓаните. Токму од тие причини, во многу земји-членки на ЕУ редовно се разгледуваат улогите и одговорностите на државните органи со една единствена цел – да се поедностави организацијата на државната администрација.
Истите практики се примерот што го следевме при планирањето на процесот на реорганизација во нашата земја. Реформите во државната администрација значат и создавање професионална култура во самите институции што ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните преку обезбедување квалитетни јавни услуги и поголеми резултати.
Реорганизацијата на државните органи пред се е обврска кон граѓаните на ова општество. Се подразбира дека очекуваат и заслужуваат квалитетни јавни услуги по пониски трошоци. Затоа, секоја ефикасна државна администрација подразбира целосен и ефикасен одговор на токму таквите очекувања.
Заработување и одржувањето на довербата на граѓаните значи државна администрација која се придржува до основните принципи на владеење на правото, интегритет и непристрасност, отвореност, ефикасност и одговорност.
По завршувањето на пилот проектот, Владата се обврза ефективно да го започне процесот на реорганизација од јануари 2024 година. До тогаш повикувам на целосна поддршка од сите политички и други чинители, како и од секој поединец во општеството.”