Добивањето на чиста препорака за отпочнување на преговори за членство на Република Македонија со Европската унија, претставува потврда за храбро сработеното, потврда дека реформската влада и новото парламентарно мнозинство ја вратија земјата на евроатлантскиот пат, потврда дека Република Македонија е успешна приказна, изјави Груби.
Заслугата им припаѓа на граѓаните кои што ги инвестираа сите свои очекувања и напори во реализација на евроатлантскиот стремеж.
Како политичко лидерство со визија се вложивме да ги исполниме домашните задачи. Посветено, храбро, патриотиски и со исклучителна динамика се посветивме на остранување на сите пречки на нашиот пат кон Брисел, преку градење на добрососедски односи и мерки за доверба и надминување на споровите и недоразбирањата, но не заборавајќи го и финализирањето на нормативниот дел од Охридскиот Рамковен Договор.
Тоа е Македонија исправена кон иднината, тоа е денешната Македонија која сите треба да ја видиме, Македонија со демократски институции, одлични добрососедски односи и Македонија растеретена од меѓуетнички проблеми.