„Во неговото службено својство на премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дејствија, меѓу кои користење на своето политичко влијание и официјалната моќ за лична корист. Поточно, постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и прима мито,a за возврат да одобрува владини договори, за незаконско присвојување на јавни средства и за мешање во изборните процеси за своја политички полза и за полза на неговата партија.
Во службеното својство на директор на УБК, Мијалков бил инволвиран во коруптивни дела кои вклучуваат користење на неговото политичко влијание и официјална моќ за лична корист. Поточно, има веродостојна информација дека Мијалков ја злоупотребил моќта на функцијата за да бара поткуп, а за возврат владата да склучува договори и да се меша во изборните процеси во своја корист и во корист на партијата“, објави Стејт департментот.
Покрај Груевски и Мијалков, Стејт департментот, исто така, ги назначува членовите на нивното потесно семејство за неподобни за влез во САД, или поедноставно кажано и нив ги стави на црната листа.
Сашо Мијалков, на својот фб профил напиша:
„Жалам за денешната одлука на Стејт департментот и сметам дека таа не е исправна. Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани.
Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија. Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде коригирана“, вели Мијалков.