Груевски: Јавно отфрленото во 2009 – денес прифатено, но во далеку полоша верзија

Сподели

 

 

Поранешниот премиер и екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на својот „Фејсбук“ профил напиша дека тоа што било јавно отфрлено во 2009 година денеска било прифатено во далеку полоша верзија.

“Јавно отфрленото во 2009-тата – денес прифатено, но во далеку полоша верзија. Не само за надворешна, туку и за целосна внатрешна употреба, плус промена на уставот, откажување од дијаспората, историјата, АСНОМ, Илинденското востание и идентитетот.”