Груевски не се појави во Апелација

Сподели

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски не се појави во Апелација, жалбата на денешната седница ја изнесуваат неговите адвокати.

Оваа седница доаѓа по неговото барање да се преиспита дали треба да му биде вратена патната исправа, како што бараше од Кривичниот суд.

Пред повеќе од еден месец, Груевски поднесе барање до скопска единица да му биде вратен пасошот бидејќи еднаш веќе била воспоставена таква пракса, со неговиот политички противник Зоран Заев.

Судот одлучи да му го одземе пасошот и му даде обврска да се јавува еднаш неделно во Кривичен за да го потврди своето присуство.