Губи милиони поради својата одлука – Ирвинг доби ултиматум од Бруклин!

Сподели

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг нема да смее да игра или да тренира со Бруклин Нетс додека не се вакцинира против Ковид-19, објави клубот.

Ирвинг е еден од најпознатите кошаркари кој се противи на вакцинацијата. НБА одлучи дека вакцинацијата не е задолжителна, но и дека играчите нема да бидат платени за пропуштени натпревари во некои градови и сали кои подлежат на локални мерки, кои вклучуваат задолжителна вакцинација.

Локалните регулативи најмногу влијаат на три тима, Њујорк Никс, Бруклин Нетс и Голден Стејт Вориорс, така што играчите кои не се вакцинирани не можат да играат во овие градови.

“Со оглед на природата на ситуацијата и по внимателно разгледување, одлучивме дека Кајри Ирвинг нема да игра или да тренира со тимот додека не ги исполни условите за целосно учество. Кајри донесе одлука и ние го почитуваме неговото право на избор. Сепак, неговиот избор го ограничува да биде постојан член на тимот и нема да дозволиме никого да учествува делумно. Нашите цели за сезоната не се променети и за да се постигнат тие цели секој член на нашата организација мора да оди во иста насока “, рече Извршниот директор на Нетс, Син Маркс.

Кајри Ирвинг треба да заработи 34,9 милиони долари оваа сезона, но најголемиот дел ќе го загуби доколку остане на својата позиција и одлука.

Според достапните податоци, околу 90% од кошаркарите во НБА лигата досега се вакцинирани.

The post Губи милиони поради својата одлука – Ирвинг доби ултиматум од Бруклин! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico