ХАЛКБАНК утре ќе ја исплати мартовската пензија

Сподели

 

Халкбанк ги известува граѓаните дека утре, 25.март ќе изврши предвремена исплата на мартовската пензија за сите пензионери кои својата пензија ја примаат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на сметка во Халкбанк АД Скопје.

На овој начин пензионерите кои ја примаат пензијата преку банката утре ќе ги имаат пензиите на своја сметка и истите ќе може слободно да ги користат при пазарење со платежните картички, преку електронското банкарство или за подигање преку банкоматите, без провизии.

Од банката ги повикуваат своите пензионери, во нивен интерес и за нивна поголема заштита, овој период кога државата воведува низа мерки за спречување на ширење на корона вирусот, да се насочат кон плаќање со картичките и кон електронското банкарство, и да избегнуваат што е можно повеќе употреба на готовина и посета на филијали на банката.

Исто така, од Халкбанк посочуваат дека, во краен случај, за подигање готовина на располагање на корисниците им стојат банкоматите, оние лоцирани до филијалите што неколкупати во текот на денот се дезинфицираат. Од таму сепак препорачуваат при нивно користење да се применуваат пропишаните мерки за лична заштита.

Подигањето средства на шалтерите на филијалите ќе биде со почитување на правилата за влез во согласност со препораките на Владата, според кои влезот ќе биде ограничен на број на лица соодветен на бројот на благајните во експозитурата