ХалкЕко Скопје трча 10км на 7 мај во Скопје. Пријави се!

Сподели

 

Уличната трка која стана неизоставен дел од календарот спортски настани на Скопје, ХалкЕко Скопје трча 10км, оваа година ќе се оддржи на 7 мај со почеток во 9 часот со старт и цел на булевар „Илинден“ кај фонтана „Лотос“. Секоја година бројот на учесници се зголемува, а новитет од оваа година е меѓународниот сертификат со кој се здоби оваа трка од страна на АИМС и Светска Атлетика, и после Виз Ер Скопски маратон ова е втора трка во Македонија со ваков сертификат. Ова значи сите остварени резултати и норми ќе бидат признаени од овие меѓународни институции.

Сојузот на спортови на Скопје е организатор на трката, додека ко-организатори се: А.К. Работнички и СК Софка, главни покровители на трката се  Агенцијата за млади и спорт и Град Скопје , додека главен партнер е Халкбанк АД Скопје.

 

 

Официјалното пријавување за ХалкЕко Скопје Трча 10км е отворено и ќе трае до 26 април 2023 година или до пополнување на предвидениот број на учесници. Секој тркач ќе може да се пријави преку веб страната www.skopje.run.

Котизација за учество на трката до 15 март изнесува 900 денари, а до 26 април 1000 денари.  

Сите што ќе се пријават до 15 април нивното име ќе биде испечатено на стартниот број.

Натпреварувачите на стартот ќе бидат распоредени во 5 стартни зони, според нивното предвидено време за кое планираат да ја завршат трката. При процесот на регистрација секој ќе треба да го одбере предвиденото таргет време, за да бидат правилно распоредени во стартната зона.

Сите учесници можат како дополнителен продукт да си купат драј-фит маица со логото на трката. Цената на маицата изнесува 500 денари и оваа опција може да ја одберат при процесот на регистрација и истата ќе биде достапна до 5 април, а маицата ќе ја добијат при подигнување на стартниот пакет.