Хелсиншки комитет: Уставниот суд стана затворен и нетранспарентен

Сподели

helsinshki

Уставниот суд оваа година станал затворена и нетранспарентна институција во која граѓаните немаат доверба, а показател за ова е намалениот број на иницијативи кои стигнале до Уставен и предмети кои судот ги завршил, односно 60 отсто помалку од 2011 година, се наведува во извештајот на Хелсиншки комитет за човекови права.
Хелсиншки правел набљудувања на 30 седници на Уставниот суд, при што е заклучено дека мнозинството судии носат одлуки под притисок на власта. Показател за ова според Хелсиншки била иницијативата на законот за помилување, која според извештајот на Хелсиншки била најкратката во историјата на судот, односно траела само 40 дена.
Хелсиншкиот комитет забележал влијание од страна на власта и во постапката по иницијативата за предвременото распуштање на Собранието. Уставниот суд, најпрвин се прогласи за ненадлежен, но подоцна ја укина одлуката.
Деновиве судот е под притисок на партиите и Шарената револуција кои бараат да се произнесе по иницијативата за Специјалното обвинителство. Судиите моментално се на годишен одмор до септември, меѓутоа Хелсиншкиот комитет не ја исклучува можноста за свикување на вонредна седница, со оглед на тоа што судот се наоѓа под притисок на партиите, меѓународната заедница и граѓанските здруженија.