Хилари Клинтон на распит во ФБИ

Сподели

thumbs_b_c_b2babdb5a4115913540292839897be98

ВАШИНГТОН (АА) – Во Федералното истражно биро (ФБИ) вчера беше на распит кандидатката од редот на Демократите за претседателските избори во САД, Хилари Клинтон, во врска со употребата на приватната електронска пошта за службена комуникација во периодот кога таа беше државен секретар на САД, јавува Anadolu Agency (AA).

„Клинтон доброволно сведочеше за употребата на е-маилот додека беше државна секретарка. Задоволство ѝ беше што имаше можност да му помогне на министерството за правда и да ја заврши оваа истрага”, рече Ник Мерил, портпаролот на нејзината кампања.

Распитот траел околу три и пол часа, во седиштето на ФБИ во Вашингтон.

Испитувањето е изведено откако американската државна обвинителка Лорета Линч претходно оваа недела се состана со сопругот на Хилари Клинтон, поранешниот американски претседател Бил Клинтон во Феникс, Аризона.

Линч изјави дека во текот на разговорите немало промена во врска со истрагата, а Републиканците после тоа побараа оставка на државната обвинителка, пренесуваат медиумите.

Обвинителката во петокот објави дека ќе се потпире на препораките на истражителите од ФБИ во врска со тоа дали да донесе одлука за покренување обвинение поради употребата на приватниот сервер.

ФБИ од август 2015 година истражува дали Клинтон го прекршила законот, кога својата службена комуникација во периодот кога беше државна секретарка на САД, од 2009 до 2013 година, ја вршела преку својот приватен сервер и приватна електронска пошта, а не од службената.

Во последните неколку месеци ФБИ, според пишувањето на медиумите, испитал неколку сегашни и поранешни помошници на Хилари Клинтон.