Хојт Ји на средби со лидерите на Беса и ДУИ

Сподели

Заменикот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Хојт Брајан Ји, кој од денеска е во дводневна посета на Македонија, ги започна средбите со претставниците на политичките партии.

Средбите ги почна со лидерите на партиите на Албанците, попладнево Хојт Ји оствари средба со партиското раководство на Беса и на Алијансата, а во моментов е на средба со раководството на ДУИ.

Средбата со талат џафери најверојатно ќе се одржи утре наутро, а прес конференција Хојт Ји ќе одржи утре попладне.